News

Се одржа годишно Собрание на ЛАГ Бојмија

Се одржа годишно Собрание на ЛАГ Бојмија

На 02.04.2019 година во општина Богданци се одржа Второто годишно собрание на Здружението Локална Акциска Група Бојмија. Со Собранието раководеше претседателот Ристо Атанасовски во присуство на членовите на највисокиот орган на ЛАГ Бојмија, претставници на четирите општини од регионот, правни субјекти, невладини организации и физички лица.

На Собранието се расправаше за активностите на Здружението за периодот меѓу двете годишни собранија и за програмата за работа за тековната година, а се усвои и новата Стратегијата за развој на рурална средина  со акциски план за дејствување во опфатот на ЛАГ-от Бојмија.

На Годишното собрание се донесе и одлука за висината на членарината за членство во Здружението, по што се отвори расправа за објавениот јавен повик од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се донесе одлука Здружението ЛАГ Бојмија да аплицира на објавениот повик, со апликација која што членството на Здружението дополнително ќе ја утврди, по извршените консултации со сите чинители на Здружението.