News

Градење на капацитетите на Локалните Акциски групи

Градење на капацитетите на Локалните Акциски групи
Локалната Акциска Група Бојмија во периодот од 10-13 Мај е коорганизатор на четиридневна работилница за градење на капацитетите на Локалните Акциски Групи од државата. Работилницата се состои од 4 модули на тема „Што значи да си рурален аниматор?“.
Од основата за анимирање на рурална средина, преку мапирање, познавање и идентификување на потребите во локалната заедница, до градење локални партнерства, учесниците од 5 ЛАГ-а ќе работат во групи, ќе дискутираат и презентираат со цел градење на капацитетите и стекнување искусто за аниматори.
Во делот на применување пракса планирана е и посета на село Серменин како можност за консултација со специфични, реални проблеми на руралното население.
Работилницата е организирана од страна на Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, поддржана од GIZ – Германското друштво за меѓународна соработка, а ќе се одржи во хотел Аполонија.